Утрински Весник
Македонија

Братот на Мартин кој исчезна во Грција бара помош: Не можам да си одам без брат ми, потрагата е прескапа

Десет дена трае потрагата по исчезнатиот Македонец, 31-годишниот Мартин Јовановски, кој беше повлечен од морските струи на Халкидики.

dobivaj vesti na viber

Неговиот брат Горан се приклучи во потрагата и испрати апел до грчката Влада да се вклучи во потрагата затоа што истата е премногу скапа.

„За жал нема резултат. Заглавени сме во друга држава, но не можам да си заминам без брат ми. Потрагата е прескапа затоа што се изнајмуваат чамци и подводни дронови. Моето семејство не може повеќе да си дозволи.“, вели Горан.

Тој денес се заблагодари до сите доброволци и оние кои учествуваат во потрагата по Мартин.

Можете да прочитате

Реката Вардар во Гостивар во загрижувачка состојба

Мицкоски: Во моментов имаме доволно нафтени деривати

Наунова со ултиматум: Ако за три дена нема токсиколошки наоди, ќе протестираме пред Судска медицина