Утрински Весник
Спорт

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Рајо Ваљекано, со Столе Димитиревски на голот, вечерва доживеа пораз на „Балаидос“ во Виго. Селта во рамките на 23.коло, славеше победа од 2:0. Стрелец на двата гола беше Браис Мендес.

Играчите на Рајо Ваљекано, во Виго, уште еднаш потврдија дека оваа сеозна не се опасни кога играат како гости. Рајо Ваљекано, од почетокот на сезоната има освоено 31 бод, од нив само пет освои надвор од својот стадион.

Рајо се во мини криза, последен пат во Ла Лига победија на 18.декември минатата година. На последните четири натпрвари, играчите на Андони Ираола имаат освоено само еден бод.

Селта по еден гол постигна во првото и второто полувреме. Браис Мендес во 12.минута со полу-волеј го совлада Димитриевски, а во 80.минута истиот играч постигна еден од најубавите голови сезонава во Ла Лига.



> Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина