Утрински Весник
Свет

Борел: Итно мора да се донесат нови санкции поради злосторствата во Буча

Борел: Итно мора да се донесат нови санкции поради злосторствата во Буча
Dik 300x250 mk

Европската Унија ги осуди злосторствата извршени од руските вооружени сили во многу окупирани украински градови, вклучително и масакрот во Буча, наведувајќи дека итно се потребни нови санкции против Русија.

„Сликите на голем број смртни случаи и цивилни жртви, како и уништување на цивилната инфраструктура, го покажуваат вистинското лице на руската брутална агресивна војна против Украина и нејзиниот народ. Масакрите во градот Буча и другите украински градови ќе бидат вклучени во списокот на злосторства извршени на европско тло “, изјави шефот на дипломатијата на ЕУ, Жосеп Борел.

Истовремено британскиот премиер Борис Џонсон напиша на Твитер дека рускиот претседател Владимир Путин никогаш нема да го скрши духот на украинскиот народ.

„Украина повторно ќе се издигне и ќе го заземе своето место меѓу слободните и суверени нации“, напиша Џонсон.

Можете да прочитате

Израел ја прекинува хуманитарната помош за Газа

Трамп: Нема да ја загрозам Америка поради Украина

Кина ги обвини САД за кибер напади врз Националниот центар за време