Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Борел: Бугарското вето да се укине до крајот на јуни или ќе имаме криза во односите со Западен Балкан

300x250 opst2

Високиот претставник за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, повика веднаш да започнат преговорите за пристапување на Северна Македонија и Албанија во ЕУ. Тој изјави дека ќе продолжи притисокот врз Бугарија и Северна Македонија за решавање на билатералниот спор.

Борел побара бугарското вето да се укине до крајот на француското претседателство, кое истекува на крајот на јуни.

„Постои потреба од помирување на Западен Балкан. И постои јасен став дека треба веднаш да започнеме преговори со Северна Македонија и Албанија, го нагласувам ова. Сакам да појаснам дека ова е моја лична заложба како висок претставник за надворешни работи и безбедносна политика“, рече Борел.

Тој истакна дека доколку не се најде решение за бугарското вето, тоа ќе биде подарок за Русија и ќе и’ даде причина да посегне уште повеќе:

„Секако дека ова мора да се надмине. Постои силна волја и политичка посветеност од страна на Советот да се изврши притисок за да се избегне кризата што може да настане доколку прашањето не се реши до крајот на француското претседателство. Доколку тоа не се случи, морам да признаам дека ќе има сериозна криза во нашите односи со Западен Балкан. Затоа, ќе сториме се што е можно, ќе извршиме секаков можен притисок врз двете страни за да се постигне договор“, рече Борел.

Претходно денеска, бугарскиот претседател, Румен Радев изјави дека не треба да се дозволи легитимација на македонизмот. Во ЕУ нема место за идеологии од поранешна Југославија и Коминтерната, изјави Радев по средбите со германскиот државен врв во Берлин.

Како што пренесе „Дојче веле“, бугарскиот претседател уште еднаш сигнализира дека нема намера да отстапи од ветото за Северна Македонија во ЕУ. По средбите со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер и канцеларот Олаф Шолц во Берлин, Радев на брифинг со бугарските новинари соопшти дека позицијата на Софија наишла на разбирање од неговите германски соговорници.

Можете да прочитате

Филипче: СДСМ повторно расте, останува единствена сила што може да му се спротивстави на ДПМНЕ

Зајкова: Имаме искуство што гарантира успех – во недела да го заокружиме бројот 1 и да ставиме крај на поделбите

Филипче: Власта го руши нашиот дом цигла по цигла, да ги запреме во недела со глас за СДСМ