Утрински Весник
Магазин

Бизарно предупредување на американските власти: „Не ги прегрнувајте и не ги бакнувајте своите кокошки“

Бизарно предупредување на американските власти: „Не ги прегрнувајте и не ги бакнувајте своите кокошки“

Во Соединетите држави неодамна беше забележано зголемување на бројот на луѓе кои страдаат од салмонелоза, предизвикана од бактеријата Салмонела, па властите издадоа препорака за која многумина се насмеаја.

„Не ги бакнувајте или прегрнувајте пердувестите животни и не јадете или пиете во нивна близина“, порача Центарот за контрола и превенција на болести, главната сојузна државна агенција за јавно здравје.

Центарот објасни дека зголемувањето на бројот на случаи со салмонелоза е делумно поврзано со ваквото однесување. Од средината на февруари, регистрирани се 163 случаи, од кои 34 завршиле со хоспитализација.

„Во разговорите со пациенти беше утврдено дека контактите со живината се веројатен извор на епидемијата. Иако изгледаат чисти, кокошките и патките можат да пренесат салмонела, бактерија што предизвикува дијареја, треска и повраќање“, велат експертите на агенцијата.

Властите препорачаа и темелно миење на рацете по контакт со живината.

Можете да прочитате

Светско првенство, светска забава: 20% попуст за родендени во Kick Off Arena & Family Play Park

Упатства од грчкиот Црвен Крст за прва помош при каснување од морската риба Lagocephalus sceleratus

Ризик фактори кои му претходат на речиси секој срцев и мозочен удар