Утрински Весник
Магазин

Бакингемската палата започнува истрага за Меган Маркл

Бакингемската палата започнува истрага за Меган Маркл

Бакингемската палата објави дека ќе започне истрага за наводите на британскиот весник „Тајмс“ за тоа дека Меган Маркл малтретирала некои членови на персоналот пред таа и британскиот принц Хари да ги напуштат кралските должности.

Најавено е дека тимот за човечки ресурси детално ќе испита сè, како и дека ќе бидат испитани вработените кои во тоа време работеле во палатата.

„Во Бакингемската палата не е дозволено вознемирување на работното место“, се вели во соопштението.

Целата приказна започна со пишувањето на „Тајмс“ за тоа како, наводно, поради однесувањето на Меган Маркл двајца вработени дале отказ како и дека ја потценила довербата на друга вработена.

Портпаролот на војвотката од Сасекс ги отфрли обвинувањата, пренесува Си-Ен-Ен.

Принцот Хари и Меган Маркл ќе разговараат за сè што е поврзано со кралското семејство во интервјуто со американската водителка Опра Винфри, кое ќе се емитува во недела.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Ново истражување: Пестицидите од храната завршуваат во телото

Од музеј во Парма украдени три слики вредни околу девет милиони евра

Италијански остров нуди 15.000 евра за преселба и месечен надоместок за деца