Утрински Весник
Свет

„Астра зенека“ го запре тестирањето на вакцини врз деца

„Астра зенека“ го запре тестирањето на вакцини врз деца

Универзитетот „Оксфорд“ престана да ја тестира вакцината врз деца и тинејџери поради страв од згрутчување на крвта кај помладите, објави сајтот „express.co.uk“.

Портпаролот на Универзитетот „Оксфорд“ рече дека овој потег е преземен како мерка на претпазливост, додавајќи дека сепак треба да се утврди дали има здравствени проблеми кај децата кои се дел од тестирањето.

Деца на возраст меѓу пет и 17 години учествуваа во тестирањето на вакцината на „Оксфорд“, а тоа трае од февруари 2021 година.

„Волстрит џурнал“ тврди дека универзитетот престанал со тестирање и го чека советот на британското здравствено регулативно тело.

Можете да прочитате

НАТО распореди германски борбени авиони поради руско присуство во Балтичкото Море

Руските сили напредуваат во нов украински регион

Велика Британија прима студенти од Појасот Газа за да го завршат своето образование