Утрински Весник
Спорт

Анчелоти: Азар е подготвен, но преферирам други фудбалери

Анчелоти: Азар е подготвен, но преферирам други фудбалери
Dik 300x250 mk

Карло Анчелоти вели дека белгиската ѕвезда Еден Азар може да биде ѕвезда за Реал Мадрид, додавајќи дека тој е физички подготвен, но признава дека повеќе сака други фудбалери во стартните 11.

30-годишниот Азар остана на клупата на „Ел класико“ на „Ноу Камп“, каде што Реал стигна до 2:1 победа и сега тој има само четири старта во седум меча во Ла лига и само еден меч во лигата на шампионите. Италијанецот брутално вели дека преферира други фудбалери.

„Тој може да игра 4-3-3 на левата страна или 4-4-2 зад напаѓачот. Подготвен е да игра, но проблемот е што има тренер кој преферира други играчи. Уште нема статус на ѕвезда во Мадрид поради повредите, но полека ќе се врати во вистинска форма. Сигурен сум дека ќе го видиме оваа сезона. Азар има се што е потребно – квалитет, мотивација. Мора да изддржи, бидејќи понекогаш тренерот преферира други играчи“, вели Анчелоти.

> Анчелоти: Азар е подготвен, но преферирам други фудбалери <

Можете да прочитате

Осимен блесна со два гола за Галатасарај, Атлетик Билбао со пресврт до први бодови во Лигата на шампионите

ЕХФ воведува ново натпреварување на ниво на репрезентации

Кошаркарите на Пелистер ја извојуваа својата прва европска победа