Утрински Весник
Спорт

Алегри: Наша обврска е да ја вратиме титулата во Торино

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, јавно ја постави целта на тимот, а тоа е враќање на титулата во Торино. Минатата сезона беше прва за „бјанконерите“ под водство на Алегри, во која не беа крунисани за шампиони.

dobivaj vesti na viber

Стратегот се врати во клубот минатото лето откако заврши серијата на Јувентус од девет последовни титули. Последните две сезони тимот заврши на четвртото место во Серија А.
„Јувентус, како и обично, сака да ги постигне своите цели. Летово пристигнаа некои врвни играчи во клубот. Освен тоа, ова е втора сезона за мене, па ќе почнеме со добра база. По првата сезона без трофеј по 10 години, сега имаме должност да го освоиме скудето“, изјави Алегри пред првата контрола на тимот во САД против мексиканскиот Чивас во Лас Вегас.

Можете да прочитате

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026

Скопје домаќин на олимписки G1 таеквондо спектакл

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026