Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Автомобил излета од пат кај Свети Николе – двајца загинати и еден повреден

Автомобил излета од пат кај Свети Николе – двајца загинати и еден повреден
Img 7972

Две лица загинаа откако автомобил излета од патот кај Свети Николе. Во несреќата има тешко повредено уште едно лице.

Како што соопшти полицијата, утрово околу 02.45 часот во ОВР Свети Николе било пријавено дека на крстосница од локалниот пат за с.Горобинци, светиниколско, патничко возило „ауди“, управувано од В.С.(37) од Свети Николе, излетало од патот.

Во несреќата возачот и сопатничката С.А.(21) од Свети Николе се здобиле со повреди и починале на лице место. Сопатникот Д.Ј.(28) се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Јавната здравствена установа Свети Николе.

Увид на местото на несреќата извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Свети Николе.

Можете да прочитате

Мицкоски: По изборите ресет на системот, да изградиме правна држава и непристрасно правосудство  

Во пиперки од Македонија откриена опасна супстанца

17годишно момче тешко повредено откако паднало од мотор