Утрински Весник
Македонија

Автобусите на ЈСП од утре во сообраќај од 5 часот

Дополнителни автобуси на 59, 59А и 59 Б во пресрет на верскиот празник Задушница

Скопје, 23 март 2020 (МИА) – Автобусите на ЈСП „Скопје“ од утре ќе почнуваат да сообраќаат од 5 часот  со оглед на најновата одлука на Владата за забрана за движење на населението од 21 до 5 часот наместо до 6 како во изминатиот прв ден од полицискиот час.

Како и во изминатите денови  од прогласувањето на вонредната состојба, автобусите од градскиот превоз ќе сообраќаат по саботен возен ред.

-Одлуката ќе важи сѐ до наредните препораки, согласно со препораките и преземените мерки на Владата на РСМ за превенција од ширење на коронавирусот, соопшто Јавното сообраќајно претпријатие. хс/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Во Преспа отворена изложбата „По материјата“ – уникатен уметнички проект што ги поврзува Грција, Албанија и Северна Македонија

Се интервенира на четири пожари на планинските подрачја на Општина Желино, градоначалникот се сомнева дека се подметнати

На граничниот премин Табановце се чека половина час за излез од Македонија