Утрински Весник
Свет

Австралискиот премиер: Војната меѓу САД и Кина веќе не е замислива

Австралискиот премиер: Војната меѓу САД и Кина веќе не е замислива

Премиерот на Австралија, Скот Морисон, изјави дека неговата влада помалку драматично гледа на стратешките тензии на САД и Кина од владата на неговиот претходник кој предупредуваше на потенцијална „жешка војна“ пред претседателските избори во САД во ноември, пренесува „Сиетл тајмс“.

Поранешниот австралски премиер Кевин Рад неделава во магазинот „Форин аферс“ напиша дека ризикот од вооружен судир меѓу САД и Кина во наредните три месеци е особено голем.

Морисон рече дека неговата администрација изразила слични ставови во ажурирањето на одбранбената политика минатиот месец, кога најави трошење 270 милијарди австралиски долари за зајакнување на воената способност, вклучително и ракети со долг дострел.

Морисон не се согласува со многумина во Вашингтон дека САД се во нова Студена војна со Кина, велејќи дека околностите се многу различни. Тој нема одговор на тоа како треба да се справат со притисокот на Кина за моќ во Јужното Кинеско Море, на индиската граница и во Хонг Конг.

„Јас сум оптимист, Австралијците се непоправливи оптимисти за овие работи. Мора да заземеме оптимистички, но не и нереален или наивен став. Мора да се поставиме и да се свртиме кон целите овде и тоа не е потиснување или контролирање на ниту една држава, тоа е за продуктивната и стратешката рамнотежа што може да се постигне“, рече Морисон.

Австралија и САД имаат билатерален договор за безбедност, како и сојуз со Индија и Јапонија преку Квадрилатералниот безбедносен дијалог, што Кина го гледа со недоверба.

Односите на Австралија со Кина, нејзиниот најважен трговски партнер, се на ново ниско ниво по австралиските повици за независна истрага за потеклото и реакцијата на пандемијата со коронавирус.

Морисон изјави дека не се сретнал со кинескиот претседател Си Џинпинг од средбата на маргините на самитот на Г20 во Јапонија во јуни минатата година. Австралија упати отворена покана за понатамошни разговори.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Расте бројот на жртвите во терористичкиот напад во Германија: пет мртви, 205 повредени

Расте бројот на жртви – четворица загинати во нападот на божиќниот пазар во Магдебург

Трагедија во Германија: Автомобил влета во толпа на божиќен саем, најмалку 11 загинати