Утрински Весник
Магазин

(Видео) Род Стјуарт на одмор во Дубровник

(Видео) Род Стјуарт на одмор во Дубровник
300x250 (7)

Легендарниот британскиот музичар Род Стјуарт ужива со семејството во Дубровник.

Тој е снимен како се шета на Страдун со сопругата Пени Ланкастер, а фотографиите ги објави „Дулист“.

Рокерот избра опуштен стил за прошетка по Страдун, жолти панталони и жолти патики, а Пени е во долг летен фустан со насмевка на лицето. Заљубени и под чадор, тие не ги кријат среќата и задоволството, без оглед на дождот.

Род Стјуарт има осум деца со пет жени, но тој успеа да остане во добри односи со сите, а тоа го покажа кога собра дури четири од нив на една семејна прослава.

Со сегашнатa сопруга Пени (49) има два сина, Аластер (13) и Ајден (9), кои исто така може да се видат на една од фотографиите.

Извор: Makfax

Ss1

Можете да прочитате

(ВИДЕО) Биолог случајно откри црви кои јадат и разградуваат пластика

Плановите за погребот на кралот Чарлс се сменија по откривањето на ракот: „Тој е навистина, навистина лошо“

Уапсени група крадци на ретки книги