Утрински Весник
Спорт

Звезда му одговори на Атаман: Тој изгледа заборави на убиството на Ивковиќ

Звезда му одговори на Атаман: Тој изгледа заборави на убиството на Ивковиќ

Црвена звезда му одговори на тренерот на Анадолу Ефес, Ергин Атаман кој по вчерашниот 94:75 пораз во Белград изјави дека навивачите на Звезда се срам за спортот и за Евролигата, откако тој постојано добиваше навреди од трибините. Атаман не го заврши мечот на клупата, откако доби две технички грешки по расправиите со судиите.

dobivaj vesti na viber

„Црвена звезда е приморана да одговори на непримерните изјави на тренерот на Анадолу Ефес по мечот во Белград во кој стигнавме до заслужена победа. Нашиот клуб никогаш не поддржувал, ниту ќе поддржува вербални напади на нашите мечеви. Но, тренерот на Анадолу Ефес со своето однесување испровоцира реакција на публиката. Дали тоа беше вистинско однесување, најдобро се виде со исклучувањето на тренерот и други мечеви во натпреварувањето во кое се случува тоа. На крај, поранешниот тренер на Галатасарај ‘заборави’ на тоа што се случи во 2014 година, заборави на Марко Ивковиќ и како ги нарече навивачите на нашиот клуб. Ако тој заборавил, ние не можеме. Другите работи, одат на негова чест“, се вели во објавата на Звезда.

Во 2014 година, пред мечот од Евролигата помеѓу Галатасарај и Црвена звезда, животот го загуби 25-годишниот Марко Ивковиќ, навивач на Звезда, откако беше избоден од страна на навивачите на Галата. Веднаш по крајот на мечот, без да знае за инцидентот, тогашниот тренер на Галатасарај, Атаман ги нарече навивачите на Звезда „терористи“, за што реагираше и српскиот премиер, Александар Вучиќ.

Атаман: Навивачите на Црвена звезда се срам за спортот

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари