Нема сомнение дека водата е еден од најкорисните пијалоци за целокупното здравје. Познат е фактот дека 2/3 од човечкото тело е направено од вода и дека овој пијалок е од витално значење за опстанок.
Но, едноставната навика која вклучува пиење вода дефинитивно може позитивно да влијае на вашето здравје. Доколку сакате свеж и сјаен тен, добро варење и органска „животност“, првото нешто што треба да го направите во моментот кога ќе се разбудите е да испиете чаша вода, истакнуваат експертите.
Тие исто така наведуваат дека ако мислите дека тоа е тривијално, се лажете. Еве зошто е важно пиењето вода наутро и зошто тоа мора да стане навика.
Ова е познато како јапонска терапија со вода и е исклучително ефикасна во спречување на разни болести и здравствени состојби како што се:
– артритис
– колитис
– мигрена
– намалување на болката
– болка во градите
– елиминирање на лошиот холестерол
– висок крвен притисок
Треба да испиете 650 ml вода веднаш по будењето.
45 минути откако ќе се напиете вода, започнете ја вашата дневна рутина – појадувајте, па дури потоа испијте кафе, доколку телото „го побара“.
Експертите од Беркли советуваат да се пие најмалку 1 чаша вода пред секој оброк и да не се пие ништо 2 часа по оброкот.
На овој начин драстично ќе го подобрите вашето здравје, тврдат тие.
Запомнете, телото природно губи вода секој ден преку нормални процеси како мокрење, потење, па дури и дишење, според д-р Вилијам В. Ли. Некои фактори, како што се физичката активност, топлината или одредени лекови, може дури и да го забрзаат губењето на течности.
Но, без оглед на вашите посебни потреби за вода, едно е сигурно – мора да ја пиете секој ден. Додека спиете, не е можно да пиете вода, а вашето тело ќе продолжи да користи и губи течности во текот на ноќта без да се надополнува.
Во таа смисла, пиењето вода кога ќе се разбудите наутро дефинитивно може да обезбеди некои здравствени придобивки.
Утринската хидратација е добра, но не е апсолутно неопходна.
Иако оваа навика е секако здрава, таа не е одлучувачки фактор за добра хидратација и здравје. Најважно е да пиете вода.
„На крајот од денот, најважно е да останете хидрирани“, вели д-р Кели.