Утрински Весник
Македонија

Зошто пациентите со малигни заболувања се оставени без основни терапии и кој ќе сноси одговорност, прашува Зајкова

Zajkova 681x464 1.jpg

Пратеничката Моника Зајкова прашува зошто пациентите со малигни заболувања се оставени без основни терапии и кој ќе сноси одговорност за оваа ситуација.

Во објава на Фејсбук пратеничката го образложи прашањето кое го поставува до министерот за здравство.


Објавата на Зајкова во продолжение:

Најавив дека нема да молчам додека сите не добиеме транспарентни одговори…

Во разговори со луѓе кои ја посетуваат, не по нивна желба, но согласно животните предизвици, Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија бев информирана дека со месеци оваа клиника се соочува со сериозен недостаток на тумор-маркери, цитостатици и неопходни терапии.

Пациенти анонимно секојдневно ми се обраќаат со очај и страв за сопствениот живот.

Денес поднесов писмено пратеничко прашање до Министерството за здравство. Барам итни, јасни и прецизни одговори:

Зошто пациентите со малигни заболувања се оставени без основни терапии/лекови?

Кога ќе се набават ибандроник, цисплатин, таксол и сите други терапии/лекови кои значат ЖИВОТ?

Кој ќе понесе одговорност за сите овие прекини и страдања?

Ова не е политичка тема. Ова е борба за живот. Веднаш мора да се обезбеди континуирана терапија и да се застане зад секој пациент кој се бори за својот здив.

Ниту еден човек не смее да чека. Ниту еден живот не смее да биде изгубен поради нечија негрижа.

Сите ние кои сме изгубиле некој во оваа битка и кои изминатиов период имавме неубави прилики да се соочуваме со ходниците на оваа Клиника знаеме што се случува таму. Ако пациентите се плашат да реагираат заради својот живот, должност на нас како нивни избраници е да ги обезбедиме одговорите. – вели пратеничката Зајкова

Можете да прочитате

Давкова објави дека била на приемот од Трамп и објави слика со неговата восочна фигура

МВР со демант до СДСМ: Конкретното лице доби пријава

До 18.00 часот само еден активен пожар во државата