Утрински Весник
Магазин

Зошто не смеете да дозволите водата од кафето да зоврие двапати

59723 Profimedia 0537884761 F.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Кога набрзина ставаме вода за кафе или чај, често се случува да се сетиме на на само кога ќе ја снема речиси целата вода. Повеќето од нас само додаваат нова вода на веќе зовриената и го варат кафето.

Сепак, експертите тврдат дека оваа навика е исклучително штетна и дека мора што поскоро да се ослободиме од неа. Дури и здравите минерали на овој начин стануваат штетни, што јасно може да се види на примерот на калциумот, кој на овој начин создава каменец. Истражувањата покажуваат дека двојното вриење ги зголемува арсенот, нитратите и флуорот во водата, што е многу штетно за организмот.

Светската здравствена организација предупреди дека најголемата опасност во ваквата вода за пиење е високата количина на арсен, бидејќи може да доведе до труење, проблеми со органите за варење, дијабетес и кардиоваскуларни заболувања.

Можете да прочитате

Оскарите преминуваат на Јутјуб од 2029 година

Top casino games: Совети, класици и онлајн забава денес

Климатските промени предизвикуваат генетски промени кај поларните мечки