Утрински Весник
Магазин

Зошто јаболковиот оцет е толку посебен

Download 8.jpg

Јаболковиот оцет е популарен домашен лек, кој се добива со ферментирање на сок од јаболко и со векови се користи во готвењето, но и во лекувањето на разни болести и состојби. Се прави со комбинирање на мелени јаболка со квасец и бактерии и нивно ферментирање во оцетна киселина.

Античките цивилизации како Египет и Грција знаеле за јаболков оцет и се користел не само како храна и конзерванс, туку и како лек.

Хипократ, таткото на модерната медицина, го препорачувал за лекување на разни здравствени проблеми, вклучувајќи кашлица и настинка.

Иако постојат тврдења дека може да ублажи различни здравствени проблеми, треба да се запомни дека јаболковиот оцет е алтернативна терапија, дека не ги заменува лековите, дека се потребни дополнителни истражувања и дека е важно да се погледне што вели науката.

Постојат научно докажани здравствени придобивки од јаболковиот оцет: има антимикробни и антиоксидантни својства, содржи ензими, пектин и витамини, ги ублажува симптомите на воспаление кај улцеративен колитис, може да придонесе за намалување на нивото на триглицериди во крвотокот и докажано е дека имаат корисен ефект врз срцевите параметри кај животните.

Иако истражувањата се ограничени, постои потенцијал за намалување на холестеролот.

Јаболковиот оцет може да помогне во регулирањето на нивото на шеќер во крвта кај луѓето со дијабетес тип 2 преку подобрување на отпорноста на инсулин и помагајќи да се надомести шеќерот што го консумираме.

Иако има некои ветувачки истражувања, во моментов нема доволно научни докази за директно поврзување на јаболков оцет со намален ризик од рак. Содржи антиоксиданси кои можат да помогнат во неутрализирање на слободните радикали, кои се штетни и поврзани со развојот на разни видови малигни заболувања.

Јаболковиот оцет не треба да се користи неразреден, бидејќи може да ги оштети забите и слузокожата, а особено треба да избегнувате директно плакнење на устата со оцет.

Се препорачува да се земаат 1-2 лажици оцет дневно, разреден во чаша вода. Се пие пред оброк или се користи како прелив за салата.

Хит меѓу познатите

Јаболковиот оцет е повеќе од обичен прелив за салата – тој стана популарен и како средство за слабеење, особено во Холивуд, меѓу познатите личности од А-листата, бидејќи може да ви помогне да се чувствувате посити и да го намалите внесот на калории.

Актерите од А-листата на Холивуд се познати по својот беспрекорен изглед, а многу од нив користат различни трикови за да ја одржат витката линија. Една од тие тајни состојки е јаболков оцет.

Скарлет Јохансон користи јаболков оцет како дел од нејзината исхрана.

Го пие разредено пред секој оброк за да го намали апетитот и да го забрза метаболизмот.

Џенифер Анистон, иако наполни 55 години, е позната по својата витка линија и одличниот изглед. Таа користи јаболков оцет како дел од нејзиниот утрински ритуал, разреден во чаша вода.

Кралицата на попот, Бијонсе, исто така е љубител на јаболков оцет. Таа го пие пред јадење за да ја одржи витката линија.

Модната икона и поранешна членка на Спајс Грлс Викторија Бекам додава јаболков оцет во своите салати и пијалоци, а Гвинет Палтроу го препорачува како дел од диетите за детоксикација.

Доколку импресивните силуети на Викторија Бекам, Џенифер Анистон и Елизабет Харли не беа доволни за да ве убедат да ја замените утринската шолја чај со лажица јаболков оцет во вода, новото истражување може да запрепастува, пишува Daily Mail.

Јаболков оцет ги пренасочува сварените шеќери во мускулите, наместо тие да се складираат во масните области. Има три пати поголем ефект на губење на тежината од инјекциите Оземпик, лек за дијабетес, чија употреба, според студиите, резултира со губење на само околу килограм тежина месечно. Јаболков оцет, згора на тоа, чини мал дел од цената на лекот и нема непријатни несакани ефекти, пишува Дејли меил.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста