Утрински Весник
Скопје

ЗОО Скопје со нова зимска кампања- Купи карти сега, искористи ги до 01.06

Kampanja.jpg

Зимата е најчесто период со најмала посетеност, а тимот на зоолошката градина секогаш се труди и успева  животните да добиваат првокласна храна според европска хранителна табличка и да имаат најдобри услови, иако цената за влез е само 80 денари, а месечните трошоци се речиси три пати поголеми од пред само три години.

Токму затоа ги повикуваме сите општествено одговорни компании, ресторани, институции да купат влезници за ЗОО Скопје кои ќе важат до 01.06, а кои ќе можат да ги поделат на своите вработени или потрошувачи и клиенти.
Со секоја ваша купена влезница помагате за благосостојбата на животните, но и успешно да го прославиме јубилејот „100 години Скопје ЗОО”


Сите заинтересирани може да не контактираат на zooskopje@zooskopje.com.mk

Можете да прочитате

Ѓорѓиевски: Она што со години било запоставувано и туркано под тепих, денес се решава темелно

Титан Усје: Работиме целосно во согласност со сите важечки закони

Министерството за транспорт објави повик за набавка на 150 електрични еколошки автобуси