Утрински Весник
Македонија

ЗНМ: Остра осуда за нападот врз новинарска екипа на АЛСАТ М во Визбегово

20250709 140446.jpg
Dik 300x250 mk

Здружението на новинарите на Македонија најостро го осудува денешниот физички напад врз новинарската екипа на телевизијата АЛСАТ М, која известуваше за големиот пожар на дивата депонија во Визбегово.

Според информациите од колегите, новинарот Авни Тахири и снимателот Шенол Хајредини од екипата биле физички нападнати од лице сопственик на отпадот за кој се смета дека го предизвикал пожарот. Напаѓачот насилно му го одзел мобилниот телефон на новинарот Тахири и го фрлил во огнот, а снимателот Шенол Хајредини бил исто така нападнат и му била скршена камерата. Лицето е уапсено од страна на Министерството за внатрешни работи, а случајот е пријавен во МВР.


ЗНМ е во комуникација со контакт точките во МВР и ОЈО за заштита на новинарите и медиумските работници.

Потсетуваме дека со последните измени во Кривичниот законик секој напад врз новинари при извршување на нивната професионална задача е сериозно кривично дело за кое се предвидени законски казни.

Очекуваме од институциите брза и ефикасна истрага, со соодветна санкција за напаѓачот.

Можете да прочитате

Николовски: Системот на злоупотреби што го создаде Владата ја уништи довербата – земјоделците повторно ќе ја плататат цената

Одреден притвор на директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и уште тројца осомничени

Мешовитата историска комисија одржа средба, се разговарало за учебниците по историја и општество