Утрински Весник
Македонија

ЗНМ: Колегата Адеми повторно попречен во својата работа – МВР итно да истражи

ЗНМ: Колегата Адеми повторно попречен во својата работа – МВР итно да истражи

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) реагира на денешното попречување на вршење на работата на колегата Невриj Адеми од Тетова Сот, на кој му била одземена опремата и насилно бил отстранет од просториите во тетовско средно училиште од страна на непознато лице.

dobivaj vesti na viber

Според изјавите на колегата Адеми, денеска во просториите на тетовското средно училиште ,,7 Март”, додека чекал да сними прилог со директорот на ова училиште, од страна на непознато лице му бил одземен мобилниот телефон и турнат микрофонот. Веднаш потоа истото лице користејќи груб речник, се обидел да го истурка новинарот надвор во училишниот двор.

„Еден човек излезе од канцеларијата на директорот на училиштето кој ми рече дека директорот не е на работа и дека бил многу зафатен со обврски. Јас му одговорив дека ќе го почекам тука и во тој момент човекот ме фати за рака за да ме избрка надвор, јас му реков да не ме допира. Тој продолжи да ме брка од училиштето и ми ги зеде телефонот и микрофонот од рака“, изјави Адеми.

Случајот е пријавен во Министерството за внатрешни работи, а ЗНМ објави ќе ја следи истрагата и ќе инсистира на одговорност од страна на лицето кое го спречило новинарот Адеми да ја врши својата работа.

Ова е втор инцидент кој се случува годинава со новинарот Невриј Адеми, тој во првиот немил настан беше бркан од лице со секира од место на кое исто така снимал прилог, за што напаѓачот беше кривично гонет, а потоа и осуден.

Можете да прочитате

Меџити изврши увид на градежните активности за изградба на примарната водоводна мрежа во Мерово, Желино

Царина и АХВ заедно против измами со увоз на храна – фер пазар за сите

Кривична пријава за случајот со демирхисарската гимназија – шест службени лица осомничени за злоупотреба