Утрински Весник
Македонија

ЗНМ ќе поднесе претставка до МВР заради непрофесионален однос кон новинар од Порталб.мк

ЗНМ: Континуиран тренд на безобразни испади на државните функционери кон новинарите

Здружението на новинарите на Македонија – ЗНМ ќе поднесе претставка до МВР за попречување на новинар при вршење на професионална работа од страна на полициски службеник.

dobivaj vesti na viber

Имено, во текот на вчерашната ноќ при протест на вработените на ЈП Комунална Хигиена Скопје, новинарот Суад Бајрами од Порталб.мк не бил во можност да ја извршува својата работна задача односно да снима во моментот кога интервенирала специјалната единица.

Според пријавата до ЗНМ од страна на колегата Бајрами, тој вчера вечер бил присутен на јавен простор во кругот на ЈП Комунална хигиена да известува за актуелна тема, но не можел да го стори тоа, бидејќи полициските претставници се однесувале непрофесионално кон него, односно му попречиле да ја врши работата.

,,Полициските службеници ме тргнаа на страна под оправдување дека таму бил периметарот на безбедност, иако јас им укажав неколку пати дека на местото каде што ми наредија да одам не можам да имам добар кадар за снимање” укажал Бајрами.

ЗНМ смета дека со оваа постапка полициските службеници не се однесувале професионално и го прекршиле правото на новинарот да известува од јавен простор за теми кои се од интерес на граѓаните.

„ЗНМ како еснафска организација која ги штити правата и интересите на новинарите и медиумските работници во земјава дава целосна поддршка на колегата Бајрами и во консултација со адвокатскиот тим ќе биде поднесена претставка до Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР“, велат од ЗНМ.

Можете да прочитате

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме

На „Блаце“ и „Табановце“ се чека од 30 минути до 60 минути