Утрински Весник
Спорт

Знаме со порака „Косово е Албанија“ и антисрпско скандирање на трибините во Хамбург

20240619175549 Big 730x400 62 E1718818008448.webp.webp

Албанските навивачи на денешниот дуел против Хрватска (2-2) во Хамбург истакнаа на трибините знаме со порака „Косово е Албанија“ кое по реакција на организаторите мораа да го отстранат, пренесува агенцијата БТА.

Дуелот одигран вечерва во рамки на второто коло во групата Б на ЕВРО2024 го одбележа и инцидент во второто полувреме во кое од трибините можеше да се слушне скандирање „Убиј го Србинот“ од навивачите на двете репрезентации.

По првиот натпревар на албанската репрезентација против Италија, УЕФА соопшти дека ќе ја казни Фудбалската федерација на Албанија поради непримерно однесување на албанските навивачи, кои на натпреварот користеа пиротехнички средства, а на трибините истакнаа и пароли политички пораки.

Можете да прочитате

Тројца избодени со нож во фан зона во Штутгарт

НБА: Испишана историја на драфтот

Копа Америка: Панама триумфираше над САД