Утрински Весник
Македонија

ЗНАМ со порака до ВРЕДИ: Чесно ве поддржавме, а вие не изигравте

Img 0492.jpeg

Потпаролот на партијата ЗНАМ и директор на ПИОМ, Никола Мемов, со остар став на Фејсбук вечерва упати критика кон коалицијата Вреди, обвинувајќи дека тие ја изиграле ВМРО-ДПМНЕ во Скопје и не го поддржале кандидатот Орце Ѓорѓиевски.

„Вреди го изигра ВМРО-ДПМНЕ во Скопје и не гласаа за Орце. Ептен голема грешка… ВМРО го знае тоа и премиерот јавно им кажа – ние чесно ве поддржавме, плативме огромна цена за таа поддршка и за возврат не побаравме ништо. Само почит. Таа почит не ја добивме. И тоа не го забораваме!“ – напиша Мемов.

Објавата на Мемов доаѓа по завршувањето на локалните избори, во време кога се анализираат односите меѓу коалициските партнери и поддршките што се дадоа во клучните градови, особено во Скопје.

Можете да прочитате

Врнежи од снег со слаб интензитет на Попова Шапка, сообраќајот се одвива непречено

По убиството во Охрид, Димоски: Македонија станува небезбедно место за живот

Шок во Скопје: 14-годишно девојче во поодмината бременост, случајот пријавен во полиција