Утрински Весник
Македонија

ЗНАМ со Димитриевски во Куманово и Лабудовиќ во Центар

Img 6087.jpeg
Dik 300x250 mk

Движењето „За Наша Македонија“ (ЗНАМ) ќе настапи самостојно со советнички листи во повеќе од 50 општини, но ќе коалицира со ВМРО-ДПМНЕ за поддршка на кандидатите за градоначалници на претстојните локални избори.

Како први кандидати за градоначалници од редовите на ЗНАМ се потврдени лидерот на партијата и актуелен градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, и Мирослав Лабудовиќ за Општина Центар.


„Централниот одбор ја усвои одлуката за взаемна соработка и поддршка со ВМРО-ДПМНЕ во делот на кандидатите за градоначалници. Тоа значи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи кандидатите на ЗНАМ и во тие општини нема да има свој кандидат, а од друга страна, ЗНАМ ќе ги поддржи кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ во сите општини, вклучувајќи го и Градот Скопје“, изјави портпаролот Никола Мемов.

Мемов нагласи дека засега се утврдени само двајца кандидати за градоначалници – за Куманово и за Центар – бидејќи партијата пристапува „релаксирано“ и не сака да кандидира по секоја цена. Сепак, останува отворена можноста ЗНАМ да предложи кандидати и во други општини.

Фокусот на движењето, како што рече Мемов, е ставен на формирање силни советнички листи, со кои преку локалната самоуправа ќе покажат дека управувањето може да биде чесно, одговорно и со визија.

Можете да прочитате

АНТИЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: Студени утра, потопли денови и магла по котлините

МВР: Лажни дојави за бомби во 45 училишта во Скопје и Куманово

Арсовска до Мицкоски: Кој ќе го исчисти градот сега, диктатору?