Утрински Весник
Македонија

Змија касна двајца мажи од Велес, префрлени се на Инфективна клиника во Скопје

Zmi A 1.webp.webp

Двајца велешани биле каснати од змија додека работеле на лозје вчераутро кај селото Војница. Откако им се влошила состојбата се префрлени на Инфективната клиника во Скопје.

Мажите на возраст од 76 и 64 години денеска се во релативно подобра состојба. Двајцата најверојатно налетале на змиско гнездо, а змијата, според нивно кажување поскок, го каснала прво едниот на дланката, па потоа и другиот кој сакал да помогне.

Тргнале кон Велес, и побарале Итна помош, која ги престанала по патот и веднаш им дала серум против отровот.

Биле хоспитализирани во велешката болница, но откако попладнето состојбата им се влошила биле донесени на инфективна.

Состојбата со змиите во текот на ова лето поради високите температури и топлото време е алармантна, а од Центар за управување со кризи постојано стасуваат апели граѓаните да внимаваат.

Служба за заловување на влекачите кај нас нема.

Можете да прочитате

Петровска: Граѓаните заминуваат, власта не прави исчекор кон ЕУ

Петровска: Доставивме барања за реформи во СДСМ, а за помалку од еден час добивме циничен одговор

Петровска: Останувам во СДСМ и продолжувам да барам промени на раководството