Утрински Весник
Свет

Злато од поранешна Југославија пронајдено закопано во чешка шума

Ceskzlatjug facebook 696x464 1.jpg

Археолозите во источна Чешка дојдоа до сензационално откритие што може да го промени нашето разбирање за минатото. На југозападните падини на планината Звичина, лоцирана на падините на Крконошките планини, двајца планинари на почетокот на февруари 2025 година пронајдоа речиси седум килограми богатство, вклучително и четири килограми златни монети, чија вкупна вредност може да надмине 7,5 милиони чешки круни.

Скриено во пошумена област, богатството е пронајдено во две метални кутии, закопани во вештачки создаден камен ѕид. Првата кутија, алуминиумска, содржела дури 598 златници, внимателно распоредени во 11 колони, секоја завиткана во црна ткаенина. Во друга кутија, која се наоѓа на само еден метар, имало предмети од жолтиот благороден метал – 16 тутунски ќесички, десет нараквици, жичена чанта, чешел, синџир за клучеви и кутија за пудра.


Ова откритие веднаш предизвика многу шпекулации. Како предметите завршиле закопани? Кој бил сопственикот? Ниту еден од експертите не може со сигурност да одговори на овие прашања. Иако е познато дека монетите датираат од 1808 до 1915 година, најновите индиции на монетите сугерираат дека богатството можеби било закопано по 1921 година, што отвора голем број можности.

Според Мирослав Новак, раководител на археолошкиот оддел на Музејот на Источна Чешка, можно е богатството да е закопано поради заканата од војна или политичките превирања од тоа време – од депортациите на Чесите и Евреите, до повоените настани кои вклучуваат депортација на Германци.

Исто така, се споменува и монетарната реформа која би можела да биде причина за криење вредни предмети.

Еден од клучните детали е што меѓу монетите има и такви кои не биле наменети само за чешкиот пазар.

Од Балканот пристигнало до Чешка

Имено, некои монети од австроунгарскиот период имаат ознаки кои укажуваат дека биле наменети за територијата на поранешна Југославија – конкретно Србија или Босна и Херцеговина. Ова откритие упатува на можноста монетите, по повторното печатење, да дошле од Балканот во Чешка, но под околности кои остануваат непознати.

„Иако постои сомневање дека богатството е закопано поради политички превирања, сè уште не знаеме кој е сопственикот или зошто никогаш не е вратено“, вели нумизматичарот Војтех Брадл.

Неговата анализа на монетите покажува дека примарна мотивација била вредноста на благородниот метал, а не номиналната вредност на самите монети. Тоа е златна ризница која не била наменета како едноставна монетарна резерва, туку како сеф во неизвесни времиња.

Додека се чека дополнителна анализа на други предмети, археолозите се надеваат дека со помош на архивски извори ќе успеат да ја реконструираат целата приказна на оваа мистериозна збирка, која би можела да даде увид во турбулентните настани од минатиот век.

Можете да прочитате

САД инвестираат 500 милиони долари за универзални вакцини

Директорот од СЗО: Ги скршивме телата и умовите на децата во Газа, како доктор, бесен сум

Турската полиција на нозе: Приведени се 384 лица по судирите на протестите