Утрински Весник
Спорт

Златко Далиќ ќе добие нов договор

Златко Далиќ ќе добие нов договор

Претседателот на Хрватскиот фудбалски сојуз Маријан Кустиќ потврди дека се подготвува нов договор за Златко Далиќ (56). Актуелниот договор со хрватскиот селектор трае до Европското првенство во 2024 година, но тој треба да го продолжи до Светското првенство во 2026 година.

dobivaj vesti na viber

„Наскоро ќе го продолжиме договорот со Златко Далиќ. Имаше бројни понуди, но драго ни е што е ориентиран да работи во репрезентацијата и што уште долго ќе остане селектор“, изјави Кустиќ како еден од гостите. на хрватскиот симпозиум за фудбалска извонредност на Кинезиолошкиот факултет во Загреб.

Далиќ ја презеде Хрватска во 2017 година, една година подоцна „коцкестите“ во Русија го освоија второто место на СП. Пред неколку месеци, на СП во Катар, Хрватите дојдоа до полуфиналето, на крајот завршија на третото место.

Можете да прочитате

Попева и Рустемовски најуспешни македонски спортисти за 2025 година

Селекторот на Сенегал суспендиран пет натпревари за инцидентите во финалето на Африканскиот куп

Министерството за спорт додели 500 стипендии „Спортска надеж“