Утрински Весник
Македонија

ЗИМА ВО МАЈ: Недела (18 мај) ни носи многу ладно утро, ќе има и појава на мраз!

Studeno1.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во текот на претстојната ноќ и утре (недела 18 мај) во нашата Република Македонија насекаде времето ќе се стабилизира  и врнежите ќе престанат насекаде, со што полека очекувам и разведрување и расчистување на облачноста која ја имаме. Во ваква ситуација, до утре (недела 18 мај) наутро температурите значително ќе опаднат и ќе тие ќе бидат далеку потпросечни за средината на месец мај.

Тие утре (недела 18 мај) наутро ќе се спуштаат во интервалот од -1 до 8 степени, со што особено на повисоките надморски височини и на планините ќе има појава на слаб до умерен мраз. Во Скопје и околината минималната температура до утре (недела 18 мај) наутро ќе се спушти до околу 5 степени.


Преку ден пак ќе биде потопло со пораст на температурите и тие ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 26 степени. Преку денот (недела 18 мај) исто така ќе имаме претежно сончево и стабилно време со мала до умерена локална облачност. Повремено ќе засилува ветер од југозападен и од западен правец, особено во западните предели.

Можете да прочитате

Постуден јануари со можни снежни бранови низ регионот

Пијан таксист вечерва прегазил млада девојка во Кисела Вода

Експлозија на електричен бојлер повреди маж во Свети Николе