Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Зидан прв фаворит за нов тренер на ПСЖ

Зидан прв фаворит за нов тренер на ПСЖ
Dik 300x250 mk

Зинедин Зидан ќе се врати на тренерската работа следната сезона. Информацијата ја објави „Мундо Депортиво“, повикувајќи се на блиски луѓе на Зидан на кои Французинот им открил дека се враќа.

dobivaj vesti na viber

„Има два клуба кои се опции за Зидан. Колку и да е изненадувачки, едниот е Реал Мадрид. Зидан има одлични односи со претседателот Флорентино Перез. Другиот е ПСЖ, клуб со кој преговараше минатото лето”, пишува „Мундо Депортиво“.

Се шпекулира дека Зидан е поблиску до ПСЖ отколку до Реал, кој го напушти пред две години. Тренерот на ПСЖ, Кристоф Галтие е блиску до отказ по испаѓањето од Лигата на шампионите, а фаворит за негов наследник е Зидан.

„Мундо Депортиво“ наведува дека доаѓањето на Зидан би значело многу промени во тимот, а најголема би била трансферот на Нејмар за сума од околу 70 милиони евра.

Можете да прочитате

Англија ја победи Летонија и обезбеди учество на СП 2026

Барди со мајсторски потег ја спаси вечерта – Македонија ремизира со Казахстан!

Барселона ќе ја чека пекол во Битола – влезниците продадени за осум минути