Утрински Весник
Спорт

Зидан: Бензема е најдобриот напаѓач во историјата на Франција

Зидан: Бензема е најдобриот напаѓач во историјата на Франција

Легендата Зинедин Зидан смета дека Карим Бензема е недостижен како централен напаѓач во целата историја на француската репрезентација. тренерот на напаѓачот на Реал Мадрид му ја додели Златната топка за 2022 година.

dobivaj vesti na viber

„Секој има свој омилен играч. Некои ќе кажат дека тоа е Жан-Пјер Папен поради неговите извонредни голови, други ќе го споменат Мишел Платини. Сепак, за мене Карим како централен напаѓач е најдобар во историјата на Франција“, изјави Зидан по доделувањето на „Златната топка“.

Зизу беше и тренер на Бензема во Реал Мадрид.

„Го познавам многу добро и знам на што е способен. За време на сите тие години на „Бернабеу“, се чувствував фантастично да се биде со него на тренинзите. Неговиот допир со топката отсекогаш ме импресионирал… Зборуваме за финеси, а верувајте дека јас барам перфекција“, истакна Зинедин Зидан.

Можете да прочитате

Селекторот на македонските кошаркарки Илиевски поднесе оставка

Лазаров: Пред ЕУРО 2026 ќе прифатев ваков исход, но ќе сакав повеќе

(Видео) Со гол во последна секунда Македонија ја победи Романија на ЕП во ракомет