Утрински Весник
Македонија

Жозеп Борел со силна поддршка за Бујар Османи во Чаир: „Лидер кој слуша, обединува и носи напредок“

Screenshot 2025 08 27 091858.jpg

Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел, преку видео-порака упати силна поддршка за кандидатот на Националната Алијанса за Интеграција за општина Чаир, Бујар Османи, оценувајќи го неговото лидерство и посветеност со највисоки суперлативи.

„Големо задоволство е за мене да говорам за човек со кој тесно соработував повеќе години. Како министер за надворешни работи на Северна Македонија и како претседавач на ОБСЕ, тој покажа лидерство, визија и длабока посветеност кон дијалогот и соработката“, порача Борел.


Тој нагласи дека бил особено импресиониран од способноста на Османи да слуша, да гради мостови и да наоѓа решенија – особини кои, според него, се клучни не само во дипломатијата, туку и во локалното управување.

„Знам колку силно верува тој во спроведувањето на ветувањата на Европа на локално ниво. Неговото искуство со европските институции ќе му помогне на Чаир да има корист од европските фондови и можности – за подобра инфраструктура, подобар образовен систем, повеќе работни места и подобри услуги“, додаде Борел.

Во пораката, европскиот дипломат потсети дека Европа го познава Османи како лидер кој реализира и изрази увереност дека жителите на Чаир ќе го препознаат како градоначалник кој слуша, обединува и носи напредок за секој жител.

„Го подигна гласот на својот народ на меѓународната сцена. Сега си подготвен да ја донесеш истата посветеност на улиците и во населбите на Чаир. Поздрав од Сантандер и ти посакувам успех во оваа важна мисија“, заклучи Борел.

Можете да прочитате

Лефков жестоко го нападна Апасиев: „Двојни стандарди и лицемерие на квадрат“

Муцунски: Подготвени сме да ги направиме сите неопходни реформи – не само поради ЕУ, туку поради посилно општество

Кој ќе остане да ја чува Македонија по 2050 година: старците или странците?