Фудбалерот од средниот ред на Челзи, Жоржињо, според англиските медиуми, донел одлука да не го договорот со „сините“. Поточно тој сака да остане на „Стенфорд Бриџ“, но само доколку клубот ги прифати неговите услови.
Менаџерот на Жоржињо и Челси не можат да се договорат околу годишната плата. Лондонскиот клуб му нуди шест милиони евра по сезона, додека италијанскиот репрезентативец сака седум и пол до осум милиони евра.
Прашање е дали некој сака да му понуди толкава плата. За плата од шест милиони евра, Жоржињо би се вратил во Италија и како слободен играч би го засилил Јувентус.
Жоргињо има договор со Челзи до летото 2023 година. Интерес за него покажа и Барселона, но тој изјави дека нема намера де се пресели на „Ноу Камп“.