Жизел Бундхен изгледа блескаво како и секогаш на гала забава во родниот Бразил, прв свечен настан по разводот од Том Брејди.
Таа во понеделникот присуствуваше на вечера по повод годишнината на позната продавница за накит во Сан Паоло.
42-годишниот супермодел на „Вог“ ја покажа својата затегната фигура во блескав златен фустан со кропнат преден дел.
Ова беше нејзино прво појавување на официјален настан откако пред два месеци се разведе од бекот на „Тампа беј“ Том Брејди по 13 години брак.
Брзилската манекенка беше забележана како го напушта Мајами со нивните две деца – синот Бен (13) и ќерката Вивијан (10) – и како слетува во родниот Бразил претходно во текот на денот.
Таблоидите коментираат дека таа најверојатно таму ќе ги помине божиќните празници.