Утрински Весник
Спорт

„Живо ви е кралството, колку и другарството“ – одговорија Комитите по провокациите од Гробарите во Белград

Гробари со скандалозни пораки на мечот со Вардар – Гоце Делчев е Бугарин, а Комити имаат српско име

На денешниот меч меѓу Партизан и Вардар во Белград навивачката група на Партизан, Гробари упати навреди кон македонскиот народ. Групата извади грчко знаме, а потоа преку транспарент порачаа дека Македонците имале криза на идентитетот.

dobivaj vesti na viber

„Група со српско име, бугарски војник слави, мора да е тешко со таа криза на идентитет во главата“.

Во текот а мечот имаше и скандирање: „Стара Србија, никогаш Македонија“.

На ова возвратија македонските навивачи Комити со порака: „Живо ви е кралството, колку и другарството“.

И во минатото на натпревари каде присуствувале „Гробарите“ имало слични инциденти.

Можете да прочитате

ФИФА го осуди однесувањето на фудбалерите на Сенегал

Ојлески ново име во составот на македонската репрезентација

Сенегал во хаотично финале до своја втора африканска титула