Утрински Весник
Македонија

Живковски: Најскапиот стан во Скопје продаден за 3.070 евра квадрат

Img 1995.jpeg

Највисоката тргувана цена на недвижност во Скопје во третиот квартал достигнала 3.070 евра за квадратен метар, откри директорот на Агенцијата за катастар, Иван Живковски, во гостувањето во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21. Рекордната цена е постигната за стан во нова градба, купен директно од инвеститор, и тоа во општина Центар.

Живковски појасни дека ова се однесува исклучиво на нови станови во централното градско подрачје, каде што побарувачката традиционално е највисока. Сепак, просечната цена во Центар е значително пониска – околу 1.600 евра за квадратен метар. На ова влијаат и купопродажбите на постарите станови, вклучително и оние изградени пред земјотресот, кои често се без лифт и бараат дополнителни вложувања.

Дополнително, на статистиката се одразуваат и трансакциите каде што цената била дефинирана со преддоговори склучени пред неколку години, додека зградата била во рана фаза на градба.

„Доколку денес се склучува главниот договор, а преддоговорот бил потпишан пред три-четири години, граѓаните тогаш платиле многу пониска цена, бидејќи растот на пазарот сè уште не беше присутен,“ истакна Живковски.

Според податоците на Катастарот, токму новоградбите продолжуваат да ја туркаат цената нагоре, додека старите станови ја намалуваат просечната вредност во Центар.

Можете да прочитате

Агелер: Сто проценти сум сигурна дека се работи на уставните измени

На 20 декември во Скопје ДУИ ќе го одржи петтиот партиски конгрес

Агелер: Од премиерот очекувам помалку зборување, а повеќе акција