Утрински Весник
Македонија

Жителите на Русиново на стражи пазат да не се разгори пожарот

Pozar 8.webp.webp

Жители на беровското село Русиново остануваат на терен откако синоќа гаснеа пожар кај месноста Св.Марко. Пожарот кој до ТППЕ Берово беше пријавен доцна синоќа, прва го забележала Сања Мирчовска, жителка на селото која информираше дека веднаш потоа поголема група граѓани се упатиле кон опожарената локација.

-Во првите 20 минути од дојавата, на терен пристигнаа повеќе од 200 лица – претежно млади жители од Русиново и околните населби – кои со организирано дејствување учествуваа во гаснењето. Нивната самоиницијативност и солидарност одиграа клучна улога во спречување на поголема катастрофа, информира Мирчовска.


Особена благодарност од Месната заедница во Русиново упатија до Територијалната противпожарна единица од Берово, како и до ЈП „Национални шуми“ – Подружница Берово, кои интервенираа навремено со механизација и опрема.

-Секоја чест за сите што излегоа на терен. Голема благодарност до младината – покажаа што значи заедништво и грижа за родната земја, изјавија од месната заедница во Русиново.

Пожарот е локализиран без пријавени повредени лица или оштетени домови, а проценката на евентуално настаната штета на шумскиот појас сè уште е во тек.

Локалните власти апелираа на внимателност и одговорност, особено во периоди со високи температури

Извор: Слободен печат

Можете да прочитате

Меџити, Касами и Лимани кандидати за градоначалници од редовите на ВРЕДИ

Прво избор на Народен правобранител и претседател на ДКСК, па распишување локални избори, најави Гаши

Претседателката Сиљановска Давкова помилува осум осуденици по повод Илинден