Утрински Весник
Македонија

Жителите на кумановското село Пчиња бараат санација на мостот

Pchinja Most.png

Жителите на кумановското село Пчиња денеска побара интервенција од надлежните институции за санација на мостот. Тие велат дека последните врнежи и зголеменото количество на вода дополнително ја влошува состојбата на еден од столбовите на мостот.

– Ако до претходно состојбата беше лоша, сега е катастрофална. Проблемот постојано го актуализираме пред институциите и локалните и државните власти уште од 2013-та година, досега нема понудено решение, вели Стефан Кузевски, член на месната заедница Пчиња.

Мостот е конекција на пчињани со градот Куманово, а може да отсече и други населени места, Винце и Вакв.

– Ризично е да се вози по него, стравуваме за пешаците. Мостот мора да се санира во најскоро време а веројатно и чини помалку санацијата, отколку да се гради нов, вели Зоран Велковски од Пчиња.

Жељка Диклиќ Илиевска изјави дека мостот е ризичен и сега и оградата е руинирана што е застрашувачка за пешаците.

– Потпорниот столб е изместен, напукнати се столбовите, руиниран е и застрашувачки. Потребно е итна реконструкција, изјави Диклиќ Илиевска.

Изминатиов период од општината информираа дека претходно аплицирале со два проекти за санација на мостот во село Пчиња и во Довезенце, но оттогаш нема одговор што е пристигнато. 
Во последната информација од општината се наведува дека е испратено барање до институтот за сеизмички отпорни градби и климатски промени.

– Општина Куманово побара стручно мислење од Институт за сеизмички отпорни градби и климатски промени (ИСОГКП). Истото е добиено и потоа е проследено до МВР – СВР Куманово, информираат од општина Куманово

Жителите на Пчиња во неколку наврати реагираа за мостот, стравувајќи да не останат отсечени не само тие, туку и жителите на соседните села. Мостот на Пчиња е изграден во 70-тите години од минатиот век од тогашната југословенска народна армија. 

Можете да прочитате

Мицкоски: Македонија нема алтернатива освен да одиме напред

Бројот на поплаки од семејствата на повредените во Кочани е значително намален, огромен дел од здравствената заштита на повредените е покриена од страна на државата,вели Клековски

Сиљановска Давкова: Идентитетот не може да се препознае низ ајварот, виното и пунџурот, верувам дека изјавата на Кос е несреќна и случајна