Утрински Весник
Скопје

Жители од Ново Лисиче бараат одложување на зонското паркирање

Parking.jpg

Општина Аеродром и Град Скопје без никаква логика најавуваат воведување на зонско паркирање од 1-ви Април во Реонски Центар, спротивно на изборните ветувања дека оваа активност ќе се спроведува паралелно во Ново Лисиче и Реонски Центар, пишуваат револтирани жители од оваа скопска населба.

Откако Град Скопје и Општина Аеродром го најави воведувањето на зонско паркирање во Реонски центар, жителите на Ново Лисиче, кое се наоѓа од дргата страна на булеварот „Видое Смилевски – Бато“ тие бараат одложување до паралелно воведување на зонското и на нивната страна.


„До сега многупати апелиравме и сугериравме за проблемите во паркиралиштата со кои се соочуваат жителите на Ново Лисиче.

Токму ова прашање беше и предизборно ветување од актуелните градоначалници дека зонското паркирање ќе се спроведе единствено паралелно на двете локации.

Овие горливи проблеми беа проблем и на жителите на Реонски Центар и Ново Лисиче, и затоа баравме паралелно воведување на зонското паркирање за да не дојде до прелевање на проблемите од едно место на друго, бидејќи состојбата е неподнослива.

Во Ново Лисиче не постои жител кој барем 15 минути не бара паркинг место за да дојде дома, и многумина од жителите паркираа токму во Реонски Центар затоа што паркиралиштата постојано се узурпирани, а надлежните и покрај сите апели не спроведоа никаква активност (година дена од изборите од кога ветија парарлелно воведување на зонско паркирање) да го обележат и имплементираат зонското паркирање во Ново Лисиче.

Апелираме до Општина Аеродром и Град Скопје на итно одлагање на спроведувањето на зонско паркирање само во Реонски Центар, и овој процес да се спроведе единствено паралално на двете локации, Ново Лисиче и Реонски Центар.

Бараме веднаш да се започне со спроведување на овој процес во Ново Лисиче (маркирање на паркинг места, обележување на зони) бидејќи предизборно беше кажано дека се чека сообраќајниот проект за да се имплементира зоната во Ново Лисиче. Од тогаш се поминати речиси 10 месеци, а во населбата не е спроведено ништо!

Од советничките групи во Советот на Општина Аеродром и Град Скопје, бараме итна вонредна седница на советот отворена за јавноста и расправа за одлагање на имплементацијата на зонското паркирање до паралелното воведување на двете локации.

Како граѓани на Ново Лисиче, нема да дозволиме сегашниот хаос да биде уште поголем, бараме итно одлагање на имплементацијата на зонското паркирање до паралелното воведување на двете локации, Ново Лисиче и Реонски Центар.

Доколку надлежните не излезат во пресрет на овие барања на граѓаните, најавуваме протести и блокади пред Општина Аеродром и Мост Близнаци од денот кога ќе имплементираат работи спротивно на овие барања, волјата и интересите на граѓаните на Ново Лисиче!

Споделете да стигне оваа информација со секој жител на Ново Лисиче!“, повикуваат тие, преку Фејсбук групата „Ново Лисиче“. 

Во овој дел уште не е започнато обележувањето на паркинг места, а нема ни табли со информации.

Можете да прочитате

Посебен сообраќаен режим утре во Скопје

Ѓорѓиевски најави нова зона и дигитални услуги за корисниците на „Градски паркинг“

Страв во Карпош: Пит Бул слободно се движи и агресивно искаса минувач