Утрински Весник
Македонија

Жител од Кичево починал кога возилото во кое се наоѓал излетало од патот

Млада скопјанка пронајдена почината во својот дом
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Вчера, во 15.20 часот, во Полициската станица Кичево било пријавено дека на регионалниот пат Кичево – Македонски Брод, патничко моторно возило „југо“, со кичевски регистарски ознаки, управувано од С. Т. (40) од с. Вранештица, Кичевско, излетало од коловозот.

dobivaj vesti na viber

На местото на несреќата починал сопатникот Б. Б. (56) од Кичево, а смрт констатирал лекар од итната медицинска помош.

Тешки телесни повреди добил возачот констатирани во Медицинскиот центар Кичево.

Извршен бил увид од јавен обвинител и екипа од Полициската станица Кичево.

Можете да прочитате

Сообраќајна несреќа го блокира патот Кочани – Штип

До 250 деца дневно во „Козле“ поради силен бран на грип

Беким Сали е именуван за прв заменик – претседател на Владата