Братот и сестрата Миланка и Јован Маџгаљ се убиени синоќа во селото Бијело Поље, додека осомничениот за тоа двојно убиство Алија Б.(64) сеуште е во бегство. Од полицијата велат дека сите расположливи единици се на терен, а до граѓаните е упатен апел да бидат внимателни.
Обвинителката Љубица Цаковиќ утринава за ТВЦГ изјави дека синоќа околу 22 часот дежурниот обвинител бил известен од полицијата дека во градот Соколац се пронајдени две тела.
– Сите мерки и дејствија ги преземаат полицијата и обвинителството. За денеска е планирана истрага – изјави за ТВЦГ обвинителката Љубица Цаковиќ.
Шефот на Регионалниот безбедносен центар „Север“, Харис Ѓурѓевиќ, изјави дека сите полициски екипи се на терен, зајакнат е целиот работен систем во областа Вранешка долина. ТВЦГ јавува дека се ангажирани и силни полициски сили, хеликоптер и беспилотни летала.
Полицијата синоќа соопшти дека кај Томашев во Бијело Поље биле убиени две постари лица.
Оттаму рекоа дека околу 21:10 часот полицијата во Бијело Поље била известена дека во селото Соколац кај Томашево се убиени две постари лица, чии тела биле пронајдени во куќата, а насилникот побегнал вооружен