Утрински Весник
Спорт

Жиру ќе го продолжи договорт со Милан

Жиру ќе го продолжи договорт со Милан

Фудбалерот на Милан и француски репрезентативец Оливие Жиру во наредните денови ќе го продолжи договорот со италијанскиот клуб до 30 јуни 2024 година, објави познатиот спортски новинар Фабрицио Романо.

dobivaj vesti na viber

Жиру има договор со Милан до 30 јуни годинава, а со недели претставниците на францускиот фудбалер преговараат со раководството на Росонерите. Во Милан следната сезона ќе заработи околу 3,5 милиони евра.

Романо тврди дека Жиру имал понуда да ја продолжи кариерата во Евертон, но одлучил да остане во Милан.

Жиру (36) е член на Милан од 2021 година, а претходно играше за Челзи, Арсенал, Турс, Монпеље, Истр и Гренобл.

Францускиот фудбалер сезонава одигра 36 натпревари и постигна 12 гола.

Можете да прочитате

Триумф на македонските кошаркари во Даблин против Република Ирска

Без победник на дербито во Премиер лигата

Седум лица се приведени поради нарушување на јавниот ред и мир по завршувањето на фудбалскиот натпревар меѓу ФК Вардар и ФК Шкупи