Утрински Весник
Скопје

Жичницата на Водно утре нема да работи – ЈСП со важни информации за граѓаните

Jsp 1 1.jpg

Јавниот превоз сообраќа по неделен возен ред за време на продолжениот викенд поради верскиот празник Рамазан Бајрам. Денеска дежурни билетарници и центри за персонализација се оние кај Транспортен центар и кај Зелен пазар.

Утре дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација кај Транспортен центар, Зелен пазар, Автокоманда (Дирекција на ЈСП „Скопје“) и во Ѓорче Петров.


Жичницата денеска ќе работи вообичаено, од 10 до 17 часот, а утре нема да работи.

Од вторник (1 април 2025 година) жичницата ќе работи еден час повеќе, од 10 до 18 часот.

– Согласно со Одлуката за возен ред во април, од 17 до 17.30 часот е последно возење од долу кон врвот. Потсетуваме дека секој понеделник и секој последен вторник во месецот за жичницата се неработни денови, се вели во соопштението од ЈСП Скопје.

Можете да прочитате

Герасимовски: Почна реконструкцијата на улица „Ленинова”, воведен привремен режим на сообраќај

Бесплатни превентивни прегледи на платото пред Здравствен дом „Железничар“ за Меѓународниот ден на здравјето

ВИДЕО Хаос со новиот возен ред на ЈСП: Патници се жалат на доцнења и гужви