Утрински Весник
Македонија

Жерновски за Лефков: Немам видено вакви самоубијци во заседа

Zernovski.png

Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј Жерновски ги коментираше пишувањата на дел од бугарските медиуми дека членови на семејството на пратеникот Миле Лефков имаат бугарски пасоши и се декларирале како Бугари. Во својата објава, Жерновски истакнува: „Човек веќе да не знае дали да плаче или да се смее“.

-Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, кој владејачката партијата го избра да одржува серија на театрални патриотски прес конференции невешто извежбани пред огледало, сам си падна во јамата што им ја копаше на други. Откако параноично бараше инсталации на странски служби во државата, трагикомично посочувајќи го СДСМ како партија која е “целосно финансирана од бугарски фондови”, а мене како “домашен предавник”, веќе утредента пристигна веста дека, верувале или не, околу 20-тина од семејството Лефкови од Кочани, сите први и втори братучеди, како и неговиот брат Иван, се бугарски државјани кои поминале низ постапка во која декларирале дека имаат дедо Бугарин и дека и самите се чувствуваат како Бугари. Да бидам докрај искрен, во целата моја политичка кариера досега немам видено вакви самоубијци во заседа. Просто неверојатно, порачува Жерновски.


Екс-амбасадорот и екс-градоначалник на Центар забележува и дека Лефков во својата објава не ги негирал изнесените податоци на бугарски „24 часа“.

-Него, кога сме веќе кај демантите, уште го чекаме да се произнесе “лидерот кој бил крајна цел на организираните напади” и кој, како што вели благонадежниот Миле, бил “единствената брана за македонските интереси“. Никако “лидерот” да ни каже дали е вистина дека аплицирал за бугарски пасош. Ајде, ќе го чекаме уште, додека не смисли нешто. А можеби и му е попаметно да молчи, отколку да дава вакви “деманти” како глумецов со длабок глас и плитки мисли, додава Жерновски во јавната објава.

Можете да прочитате

Во Гази Баба се подготвува бетонско чудовиште – барајте од кандидатите нотарска изјава дека нема да го поддржат проектот вели Арсовска

ЦУК: Шест активни пожари и четири под контрола

Каранфилова Пановска: ВМРО-ДПМНЕ не испорача никакви резултати, животниот стандард падна за 20%