Утрински Весник
Магазин

Жера пред најавениот концерт во Скопје: Македонскиот народ го засакав на 18 години – Имате широко срце, сакате скара и чорба исто како мене

Screenshot 20251028 155901 gallery.jpg
Dik 300x250 mk

Легендарниот бенд “Црвена јабука” за одбележувањето на 40 годишнината од своето постоење ќе одржи концерт во Скопје, на 29 ноември во салата „Борис Трајковски“ од 21 часот.

На турнејата опфатени ќе бидат повеќе балкански но и европски метрополи како Загреб, Сараево, Љубљана, Минхен, Стокхолм… но како и секогаш особено значење му посветуваат и на Скопје и македонската публика која верно ги следи сите овие 40 години. По тој повод денес фронтменот Дражен Жериќ-Жера на прес-конференција во Скопје истакна дека е свесен и му е драго што на нивните концертите се присутни луѓе од 9 до 99 години и секој од нив подеднакво ужива во песните.


Тој вети повеќе од 3 часа забава и музика во живо, каде публиката ќе може да ги слушне сите најголеми хитови уште од нивните почетоци. Истакна дека е старомоден човек кој верува во емоциите кои песните ги будат кај секој еден човек без разлика дали настапуват сега во 2025 година или на нивните почетоци, а за нас Македонците рече сме многу слични со него бидејќи уживаме во убавата храна и музика.

„Македонскиот народ го засакав кога имав 18 години затоа што е сличен со нас Босанците. Имате широко срце, сакате скара и чорба исто како мене. Јас не сум љубител на овие нови, фенси јадења“, додаде Жериќ.

Концертот е во организација на “Прагма продукција”, а Кристијан Стефановски првиот човек на продукцијата денес истакна дека со “Црвеба јабука” одамна соработуваат, односно целиот свој живот, па овој концерт како јубилеен го вброи меѓу најважните и навистина посебни.

Билети можете да купите на Купи карта со клик ТУКА.

Можете да прочитате

Калиопи најави три акустични концерти во Филхармонија

За мрзеливи луѓе: Самоуправувачка машина за капење

Италија може да загуби 40 отсто од плажите до крајот на векот поради порастот на морското ниво