Утрински Весник
Свет

Жена загина во експлозија на огномет: девет лица повредени во Мичиген

Жена загина во експлозија на огномет: девет лица повредени во Мичиген

Во експлозија на огномет во западниот дел на Мичиген загина една жена, а други девет се критични до полесно повредени, соопшти денеска Одделот на шерифот на округот Отава.

dobivaj vesti na viber

Во соопштението не е наведено дали се работи за организиран јавен настан по повод празникот 4 јули, пренесе Ројтерс.

Брзата помош нешто по 23 часот дошла на главната улица во градот Парк, откако добила информација дека експлодирал огномет и повредил неколку лица, се вели во соопштението.

Одделот на шерифот соопшти дека 43-годишна жена починала на местото на настанот, а уште девет лица биле пренесени во болница.

Се додава дека оштетени биле и неколку куќи и возила, а истрагата за експлозијата е во тек.

Градот Парк има околу 18.000 жители и се наоѓа на брегот на езерото Мичиген.

Комисијата за безбедност на потрошувачите извести дека во 2022 година, 10.200 луѓе биле лекувани во собите за итни случаи, а 11 смртни случаи биле поврзани со огномет.

Според овие податоци, околу три четвртини од повредите се случиле во периодот околу 4 јули.

Можете да прочитате

Трамп најавува „некаков вид дивиденда“ за Американците од новите царини

Голем корупциски скандал во Украина – краделе од тендерите за набавка на дронови

Над 10.000 хотели од ЕУ поднесоа тужба против Booking