Утрински Весник
Свет

Жена загина по стампедо на концерт во Британија

Жена загина по стампедо на концерт во Британија
Dik 300x250 mk

Жена во Велика Британија почина од повредите со кои се здоби во стампедо на концерт на Академијата Брикстон.

dobivaj vesti na viber

Ребека Икумело (33) починала, додека уште две повредени жени на возраст од 21 и 23 години и понатаму се во критична состојба, соопшти „Метрополитен“ полицијата.

Осум лица се пренесени во болница со повреди по инцидентот во јужен Лондон во четвртокот вечерта. Полицијата извести дека интервенирала по извештаите за „голем број луѓе кои се обидувале насилно да влезат на концертот“, каде што настапувал уметникот Асаке.

Нигерискиот музичар беше принуден да престане по три песни и објави изјава во која вели дека „срцето му е со повредените“. По смртта, Икумело Асаке објави порака на Инстаграм во која вели дека е „уништен од веста“ и дека разговарал со семејството на жртвата. Ме обзема тага и никогаш не можев да замислам дека вакво нешто ќе се случи“, напиша тој.

Полицијата соопшти дека спроведува истрага, која вклучува прегледување на „огромно“ количество снимки на социјалните мрежи, како и на полициските камери.

Можете да прочитате

Масакр во Судан: Убиени над 2.000 цивили

Зеленски ја обвини Кина: Испорачуваат машини за руско производство на оружје и помагаат во заобиколување на санкциите

Француската Влада е против воведување данок на богатство