Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Жена во БиХ си го убила сопругот, го пресоблекла, ги заменила крвавите теписи, а потоа повикала полиција

Жена во БиХ си го убила сопругот, го пресоблекла, ги заменила крвавите теписи, а потоа повикала полиција
300x250 opst2

Полицијата во Добој ја уапси Х. М. од тој град поради сомнение дека го убила сопругот Х. М. во семејниот дом, пишува „Независне новине“.

dobivaj vesti na viber

Според неофицијални информации, Ханифа М. (59) со кујнски нож го пробола својот сопруг Хасан (55) во надлактницата, а тој искрвавил до смрт. На убиството му претходела расправија.

Кога искрвавил, таа ја исчистила куќата, го пресоблекла сопругот и поставила нови теписи. Потоа повикала полиција и им рекла дека се скарала со сопругот и дека тој сам си ги нанел повредите, од кои починал.

Како што се дознава, полицијата пронашла крвави теписи.

Според полициската управа во Добој, таа била уапсена во понеделникот поради сомнение дека сторила кривично дело убиство.

„Постои сомнение дека наведеното лице истиот ден во семејниот дом му го одзело животот на сопругот Х. М. по што таа ја променила локацијата и потоа побарала интервенција на полициски службеници“, наведуваат од полицијата.

Можете да прочитате

Земјотрес со јачина од 6,7 степени ја погоди Индонезија

ЕУ подготвува план за војна со Русија, протекоа детали, доаѓа „ѕид од дронови“

Во Милано убиена манекенка, партнерот ја прободел дури 24 пати