Утрински Весник
Свет

Жена подготвила ручек со отровни печурки за семејството на поранешниот сопруг, се истражува дали е убиство

Жена подготвила ручек со отровни печурки за семејството на поранешниот сопруг, се истражува дали е убиство

Ерин Патерсон (48), која приготви ручек на крајот на јули и отру четири лица, важела за искусен познавач и собирач на печурки, пишува „Дејли мејл“.

dobivaj vesti na viber

На поранешната свекрва и свекор, како и на сестрата на свекрвата и зетот им послужила јадење со отровни печурки, по што тројца од нив починале.

Пријател на семејството Патерсон рече дека Ерин била „многу добра во потрагата по храна“ и идентификување на различни видови печурки. Сега се појавија информации дека го фрлила дехидраторот за подготовка на храната набргу по кобниот семеен ручек на кој присуствувале родителите на нејзиниот поранешен сопруг, пишува „Дејли Мејл“.

„Семејството Патерсон (вклучувајќи ги Ерин и Сајмон) береше печурки секоја година кога беа во сезона. Тоа е многу вообичаено за луѓето во областа“, вели пријател на семејството Патерсон.

Нејзините свекор и свекрва, Дон и Гејл Патерсон, сестрата на Гејл, Хедер Вилкинсон и нејзиниот сопруг Иан се разболеле по ручекот во домот на Ерин во Австралија на 29 јули. Дон (70), Гејл (70) и Хедер (66) починаа, додека Иан се уште се бори за живот. Тој е во критична, но стабилна состојба во болницата Остин во Мелбурн, каде што чека трансплантација на црн дроб.

Нејзиниот поранешен сопруг Сајмон Патерсон исто така бил поканет на ручекот, но не се задржал.

Детективите го истражуваат овој случај и веруваат дека смртта ја предизвикале печурките кои важат за најотровните во светот.

Ерин негираше каква било вмешаност во злосторството, кажувајќи ѝ на полицијата дека јадењето е мешавина од печурки купени во супермаркет и сушени билки што ги купила претходно во азиска бакалница во Мелбурн.

Таа рече дека го предала она што останало од оброкот на властите за тестирање.

Во изјавата, Ерин признала и дека ја лажела полицијата за дехидраторот за зеленчук што го фрлила, а кој бил одземен за вештачење.

Иако им рекла на полицајците дека го оставила на локална депонија одамна, таа всушност се ослободила од него само неколку дена по ручекот.

Еден пријател потврди за „Дејли мејл“ дека семејствата Патерсон и Вилкинсон се сомневаат во нејзината верзија на настаните.

Детективот Дин Томас им изјави на новинарите минатата недела дека Ерин е „сомнителна“ бидејќи ги готвела оброците, но нагласи дека полицијата сè уште работи на утврдување дали трагедијата била случајна или намерна.

Инспекторот Томас рече дека двете нејзини деца биле присутни на ручекот, но јаделе одвоени оброци, а децата и нивната мајка подоцна се вратиле во болница како мерка на претпазливост и покрај тоа што немале симптоми.

И покрај првичните полициски извештаи дека децата биле присутни на ручекот, Ерин подоцна изјавила дека тие всушност биле на кино.

Сепак, таа кажала дека децата ги јаделе остатоците од ручекот следната вечер, но морала да им ги отстрани печурките бидејќи не ги сакаат.

Како и четирите жртви, таа рече дека и таа била примена во болница на 30 јули со силни стомачни болки и дијареа, пред да биде однесена со брза помош во болницата во Мелбурн. Тврди и дека одржувала позитивни и пријателски односи со нејзината поранешна свекрва откако нејзиниот брак се распадна.

„Бев блиска со родителите на Сајмон и по разводот. Одржував контакт со нив на прилично пријателски начин откако ја прекинав врската со нивниот син. На нашата врска донекаде влијаеше тоа што ги гледавме помалку откако мојот брак со Сајмон се распадна. Имав почит кон неговите родители и сакав моите деца да поминуваат време со нивните баби и дедовци бидејќи верував дека тие се исклучителни примери“, рече Ерин.

Можете да прочитате

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење

Петнаесет лица повредени во руски напад врз Харков