Утрински Весник
Свет

Жена и девојче прободени со нож во Лондон

London.jpg

Британската полиција соопшти дека уапсила маж откако 11-годишно девојче и 34-годишна жена биле избодени со нож на плоштадот Лестер во центарот на Лондон.

Од полицијата соопштија дека не веруваат дека има повеќе осомничени за нападот и дека се чекаат нови информации за здравствената состојба на нападнатите кои се пренесени во болница.

Засега се верува дека нема опасност за останатите граѓани. Истрагата е во тек.

Можете да прочитате

Поранешниот принц Ендру ослободен од притвор

Трамп најави милијарди долари помош за Газа на првиот состанок на Одборот за мир

Амбасадорот на Кина во Србија: Мешањето на некои земји во кинеско-српската соработка е политика на блокови